Кампања за авионско фрлање мамки за вакцинација на лисици против беснило

Вести

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски и Штефан Худолин, шеф на Секторот за соработка при Делегација на ЕУ во Република Македонија, денеска на спортскиот аеродром Стенковец, ќе ја промовираат пролетната кампања за авионско фрлање на мамки за вакцинација на лисиците против беснило, подржана од Европската унија.

На целата територија на РепубликаМакедонија, со исклучок на населените места и водените површини, до крајот на месецов, зависно од временските услови, ќе бидат фрлени околу 500 илјади вакцинални мамки. По завршување на вакцинацијата, ќе биде спроведена контрола за проценка на успешноста и на оваа кампања, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *