Monday, June 27, 2022

Сите опции освен замрзнување на цените во оптек-Владата анализира како да ја ублажи инфлацијата

Вести

Владата прави анализи кои мерки ќе продолжат по 31ви мај за ублажување на инфлацијата, најави премиерот Ковачевски.

 

За помалку од две недели завршува важноста на мерките со кои основните прехранбени производи се продаваат по набавни цени и без ДДВ. И покрај ова, статистика сепак измери дека инфлацијата во април достигна 10,5%. Ковачевски вели дека повеќе опции се во игра, а според него мерката за замрзнување на цените е неприфатлива.

„ Има различни предлози, не само неприфатливи туку и неодржливи, како на пример замрзнување на цени тој пристап може во одредени држави само каде ланец на набавки е во држава, но во наша која суровини се уивезени и цена зависи од цената на свтски берзи, со таква мерка може.“ изјави Димитар Ковачевски, претседател на Влада.

Она што со сигурност се знае е дека цената на струјата на светските берзи ќе расте. Следниот месец треба да се објави и новата цена на електричната енргија која ќе важи од јули. Ковачевски вели дека не чека најтешката зима, но се прави се за непречено снабдување со електрична енергија и да нема ценовен шок за граѓаните.

„Ние веќе со ребаланост обезбедуваме средства за мерки за заштита на најранливи категори граѓани, а во меѓувреме ЕСМ информираше дека е во финализација на кредит од 100 милиони евра со камата 1%, со кои ќе се обезбеди непречено работење на ЕСМ.“ изјави Димитар Ковачевски, претседател на Влада.

За ублажување на цената на струјата за домаќинствата, државата повторно ќе интервенира и со префрлање финансиски средства во енергетските компаниии. За колкава сума станува збор ќе се знае со ребалансот, кој според Ковачевски би требало да е готов до крајот на месецов. Тогаш ќе биде познато и колку пари ќе се задолжи земјава на меѓународниот пазар.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *