Кавадарци ќе добие нов Градски зелен пазар

Вести

Кавадарци ќе добие нов Градски зелен пазар и додека трае реконструкцијата на стариот, кој е во централното градско подрачје, ќе се користи локација во новиот центар на градот.

Од Јавното претпријатие „Комуналец” ги информираа сите продавачи на земјоделски и друг вид на производи кои имаат закупено тезги дека од 15 февруари ќе можат да продаваат на новата локација спроти Гранична полиција. Заинтересираност за тамошните тезги, тие ќе може да изразат најдоцна до 1 февруари.

По реконструкцијата на стариот пазар, ќе се задржи и тој во новиот центар, па градот ќе има два пазари.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *