Ќе се гради Слупчанска брана со која ќе се овозможи наводнување на дополнителни 1.500 хектари обработливо земјиште

Вести

Вчера министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство имаше работен состанок со директорот на АД Водостопанство – подружница Кумановско-Липковско поле Оливер Илиевски.


Состанокот беше на тема реализирани проекти како и за идните планови на подружницата.

Во тек е подготовка на техничка документација за изградба на Слупчанска брана со која ќе се овозможи наводнување на дополнителни 1.500 хектари обработливо земјиште и дополнување на сегашните брани. Реализирана е поддршка со нафта и нафтени деривати, а во план е набавка на резервни делови за потребите на АД Водостопанство.

“Современо Земјоделство”

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *