Профункционира Националниот портал за електронски услуги-достапни 127 услуги од 28 институции

Вести

“Кој ќе чека ред” заминува во историјата. Граѓаните ќе бидат на прво место и  ќе можат електорнски да ги добиваат услугите без да чекаат по  шалтерите на институциите. Пуштен е во употреба порталот услуги.гов.мк преку кој ќе може да се добиваат документи и услуги и да се плаќаа административни такси и надоместоци со картичка што значи веќе нема да чекаат ниту во банките.

Националниот портал кој е направен во соработка со ЕУ и УСАИД. Засега во електронска форма се достапни 127 услуги од 28 институции. Во иднина тој број ќе се зголемува и ќе стигне до 1.300 услуги. На него најавувањето ќе се врши со маил и лозинката од УЈП. Овој портал ќе стави крај е дел од борбата со корупцијата.

Од вчера, преку порталот можат да се добијат потврди од Министерството за труд и цоцијала, од Агенцијата за вработување М1 и М2, М4 од ПИОМ. Порталот е лесен за употреба и за лицата со попреченост и е достапен на македонски, албански и англиски јазик. На јавниот дел можат да се добијат сите услуги без најава и идентификација, но приватниот дел е достапен само за евидентирани и регистрирани лица.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *