Ќе се воведуваат нови модели за осигурување на земјоделското производство

Вести

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, имаше работен состанок со главниот извршен директор на реосигурителната компанија „Европа Ре“, Орсалиа Каланзополус, на кој што разговараа за новите модели за осигурување на земјоделското производство.

– Не можеме секогаш да влијаеме врз климатските промени, но како ресорно министерство мора да работиме на ефикасни инструменти со кои ќе го заштитиме земјоделското производството, а земјоделците ќе можат да си ги покријат загубите, истакна Николовски.

Тој додаде дека како влада и како ресорно министерство интензивно работат на нови стратегии за зголемување на интересот на земјоделците да го осигураат земјоделското производство.

 

М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *