АФПЗРР објави Јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за рурален развој за 2021 година

Вести

 

Предмет на овој јавен повик е доделување на финансиска поддршка за мерката 121.

Право на аплицирање на овој Јавен повик имаат сите земјоделски стопанства кои се впишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства а се индивидуални земјоделци кои се носители на земјоделско стопанство или пак се носители на земјоделско стопанство а со земјоделство се занимаваат како дополнителна дејност.

Вкупната прифатлива сума по корисник е до 3.5 милиони денари а поддршката се исплаќа по принцип на кофинансирање на реализирани и исплатени инвестиции од страна на корисникот во висина од 50 % од вредноста на одобрените прифатливи трошоци.

Овие средства се наменети за инвестиција за набавка на специјални комбајни за жнеење на ориз со сецкалици и се предвидени со Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година.

Барањата се поднесуваат електронски по извршена регистрација на  е-baranje.ipardpa.gov.mk.

Барателите на овие финансиски средства треба да имаат минимум производствен капацитет од над 1 хектар површин под ориз.

Крајниот рок за доставување на барања е 15.05.2015 година.

Повеќе околу условите, критериумите и начинот на доставување на барањата можете да прочитате на следниот линк.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *