Ќе се зголеми извозот на свежо овошје и зеленчук со доаѓањето на „Гринјард“ во Македонија

Вести

Идната недела во Македонија ќе дојдат претставници на „Гринјард“, компанијата – лидер во обезбедувањето свежо овошје и зеленчук за европските супермаркети.

Како што најави Татјана Марковска од Канцеларијата за економски развој на УСАИД на денешниот форум „Инвестиции за долгорочен економски развој“ во Велес, целта на посетата е договарање конкретна соработка со наши фирми кои досега веќе оствариле контакти со „Гринјард“ и се запознаени со потребните условите за дистрибуција.

– Комуницираме две години со „Гринјард“. Однесовме неколку наши компании кај нив за да се запознаат со условите на доставување на овошјето и зеленчукот, од аспект на квалитет, пакување, време на достава,… Најавената посета ќе биде во тој правец – евентуално конкретизирање на соработката што е веќе почната со овие неколку наши фирми, рече Марковска.

„Гринјард“ со свежо овошје и зеленчук снабдува најмалку 25 земји, а вработува преку 8.000 лица.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *