Кога последен пат сте го погледнале прирачникот на тракторот

Вести Совети

Мерки на заштита на Вашиот трактор за да не дојде до оштетувања во време кога стои – КОНЗЕРВАЦИЈА – заштита од сонце, влага,
промена на температура и други атмосферски влијанија.

1.Перење и чистење од надвор со топла вода

2.Вклучете го тракторот нека работи додека не се загрее маслото, додека работи моторот испуштете го талогот од пречистувачот на компримиран воздух и исклучете го моторот и испуштете го маслото од коритото на моторот. Ставете нов филтер за масло

3.Во коритото на моторот ставете масло за конзервација ( SAE 10, 20 или 30)

4.Испуштете ја водата од ладилникот и измијте додека не почне да тече чиста вода. Потоа запалете го моторот нека работи неколку секунди додека не истече водата од пумпата за вода за да може новото масло ги подмачка деловите на моторот. Кога моторот ке запре пуштете малку да истече вода од ладилникот и блокот на моторот и затворете ги сите испусти, испуштете го талогот од кондензираната вода од резервоарот за воздух.

5.Ставете рамномерно во цилиндрите 2 дл моторно масло. Извадете го цревото од компресорот и во отворот ставете неколку капки моторно масло

6.Извадете ги филтрите за воздух и гумената цевка која ги соединува и измијте ги

7.Извадете го акумулаторот и складирајте ги према упатството од произведителот

8.Наполнете го резервоарот до врв како не би заргал од влага

9.Испуштете го маслото од кукиштето на менувачот, диференцијалот, страничните редуктори и хидрауликата и ставете масло

10.Намачкајте ги со маст инструментите за да не кородираат

11.Подигнете го тракторот на дрвени трупци за да не го носат товарот на тракторот воздухот во гумите нека си остане на препорачаниот притисок. Гумите да не бидат изложени на сонце и да бидат исчистени со топла вода

12.Рачната сопирачка да биде спуштена , менувачот ставете го во лер и покријте го тракторот

Автор: Иван Стојанов за Современо Земјоделство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *