Колективен договор за подобри услови за работа и повисоки плати на вработените во Шумска полиција

Вести

Во Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство се одржа состанок со претставници од Шумската полиција. На средбата беше договорено да се формира работна група за да се подготви колективен договор којшто ќе придонесе за поголема ефикасност на Шумската полиција и зголемување на платите на вработените во Шумската полиција.

Во работната група ќе учествуваат претставници од Независниот синдикат на полицијата, Синдикатот на УПОЗ, како и претставници од МЗШВ. Документот којшто ќе произлезе ќе биде потпишан од двете страни.

На вчерашниот состанок се отвори и прашањето за материјално-техничките услови за работа на Шумската полиција. Во таа насока, веќе се спроведува процедура за обезбедување финансиски средства за купување униформи за шумската полиција, а во фаза нa подготовка е и тендер од 1 милион денари за внатрешно уредување на просториите на шумско-полициските станици.

Воедно, МЗШВ обезбеди 60 персонални компјутери за шумско-полициските станици и набави сообраќајни елеци за вработените во Шумската полиција.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *