Колку пари можете да пренесете преку граница? ЕУ воведува нови правила за внесување и изнесување готовина

Вести

Новите правила за контрола на пари во готово и вредни предмети што влегуваат и излегуваат од ЕУ ќе стапат на сила денес, при што сите патници кои влегуваат или излегуваат од територијата на ЕУ ќе треба да пополнат декларација доколку носат 10.000 евра или повеќе во валути или еквивалент на таа сума во други валути, како и во други начини на плаќање како што се патнички чекови или меници.

Од Европската комисија наведуваат дека новото правило е дел од напорите на ЕУ во борбата против перењето пари и изворите за финансирање на тероризам.

Од денес во ЕУ ќе се применуваат бројни измени што дополнително ќе ги заострат правилата и уште повеќе ќе го отежнат движењето на големи количини „неоткриена“ готовина.

Прво, дефиницијата за „готовина“ според новите правила ќе се прошири за да вклучува златници и одредени други златни предмети.

Второ, царинските власти ќе можат да постапуваат и по износи помали од 10.000 евра, кога има индиции дека готовината е поврзана со криминална активност.

Царинските власти исто така ќе може да побараат изјава кога ќе забележат дека готовина од 10.000 евра или повеќе се испраќа без придружба од пошта или курир.

Новите правила ќе обезбедат надлежните органи и националните единици за финансиско разузнавање во секоја земја членка да имаат информации потребни за следење и решавање на движењето на готовина која може да се искористи за финансирање на нелегални активности, заклучуваат од Брисел.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *