Концесија за рекреативен риболов

Вести

Концесиите  за организирање на рекреативен риболов на 20 зони што опфаќаат делови од Реките Вардар и Црна и акомулациите Матка и Липково се доделуваат за период од шест години.

Право на учество на Јавниот повик имаат домашни и странски правни лица кои имаат право да конкурират за повеќе места.

Покрај другите документи потребно е да се достави и доказ дека барателот ја има потребната опрема за вршење на рибочуварската служба и дека ќе вработи соодветен број лица за заштита на рибите или најмалку 50 членови доколку се работи за риболовно здружение.

Критериум според кој ќе се изврши изборот  е највисокиот понуден надоместок  на електронското наддавање.

Надоместокот за концесија за рекреативен риболов е најмалку 10 проценти од вредноста на издадените дозволи на годишно ниво.

Краен рок за поднесување на понудите е 28 март 2018 година.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *