Денес до крајот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен западен, a долж Повардарието северозападен ветер. Највисоката дневна температура на воздухот ќе биде во интервалот од 8 до 15 степени.
Денес и во вторник ќе настапи преодно стабилизирање на времето, и ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност, прогнозира УХМР.
Претпладнево времето е облачно во јужните делови со врнежи од дожд кои се со послаб интензитет, а на планините и на повисоките места со повремен снег. Дува слаб до умерен ветер од западен, а вдолж Повардарието од северозападен правец.
До крајот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен западен, a долж Повардарието северозападен ветер. Највисоката дневна температура на воздухот ќе биде во интервалот од 8 до 15 степени.
Во Скопје времето променливо облачно со слаб до умерен северозападен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе достигне до 12 степени.