Конечно се постигна договор за проблемот со брашното

Вести

Денеска, министерот Љупчо Николовски и министерот за трговија, туризам и телекомуникации на Република Србија, Расим Љајиќ, одржаа конструктивен состанок, од кој што произлезе решение за измените на Правилникот за обележување на брашно, кое што е од заеднички интерес за двете држави.

Министрите договорија започнување на долгорочна соработка во интерес на стопанствениците и на граѓаните, но и во насока на унапредување и олеснување на меѓусебната трговија.

Министерите Николовски и Љајиќ потпишаа договор- на брашното паковано од 1, 2 и 5 килограми контролните маркички ќе се лепат  во Србија, на паковањата од 25 и 50 килограми во Македонија. Формиран е и Комитет за соработка и надминување на отворените прашања.

Српскиот министер од Скопје порача, има политичка подготвеност за отстранување на сите царински бариери со цел трговската размена да се зголеми од сегашните 760 милиони, на милијарда евра.

Македонскиот Правилник за увоз на брашно, согласно договореното, ќе биде сменет уште денеска.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *