Конференција: Децентрализација – Патот што претстои

Вести

Денеска од 10:00 часот, Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев имаше воведно обраќање на Националната конференција за градоначалници „Децентрализација: Патот што претстои“, којашто се одржа во конференциската сала 4, во хотел Александар Палас.

-Креираме политики и инвестираме во капитални проекти кои ќе значат подобар живот за граѓаните во секоја општина. Владата гради партнерски однос со сите општини. Издвоивме 50 милиони евра за локалните самоуправи со ребалансот на Буџетот за 2018 година, за да им помогнеме да покријат околу 50% од наследените долгови, велат од Влада.

На конференцијата присутен беше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

-МЗШВ ги поддржува општините со Програмата за рурален развој, преку која следната година ќе финансира изработка на детални и генерални урбанистички планови, истакна Николовски.

На денешната конференција Децентрализација- патот што престои се дискутираше за соработката меѓу општините и Владата.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *