Конференција „Заедно за силно дигитално земјоделство“ денес се одржува во Софија, а во организација на ФАО и бугарското МЗШВ

Вести

Напредните технологии, дигитализацијата и иновациите се клучни во развој на модерно земјоделство. Владата на Република Македонија активно работи кон воспоставување на земјоделски иновативни системи, како и унапредување на информациските и комуникациски технологии.

Ова денеска го потенцираше министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на конференцијата „Заедно за силно дигитално земјоделство“ што се одржува во Софија, Република Бугарија, а во организација на ФАО и бугарското Министерството за земјоделство, храна и шумарство.

Со дигитализацијата на земјишните парцели преку Системот за идентификација на земјишни парцели, Македонија има постигнато целосно спроведување на Интегрираниот Систем за Администрација и Контрола – ISAC, а земјоделците електронски поднесуваат барања за субвенции.

Во однос на теренските активности, благодарение на технолошкиот напредок, земјоделците можат прецизно и навремено да се информираат. Врз основа на овие податоци, употребата на пестициди е намалена за 30%, а ефикасноста на наводнувањето се зголеми и до 60%.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *