(Видео) Меџит Амити: Осигурувањето ќе донесе позитивен развој на сточарството

Вести Видео Сточарство

Меџит Амити е сточар, кој со сточарство се занимава 38 години и тоа ќе биде професијата со која ќе ја дочека и пензијата.  Тој раскажува дека да се одгледува стока е многу тешко, бидејќи постојано се соочуват со проблеми, со штета од волк, од мечка од град, од болести.

-Ние имаме најдобри услови и места и најдобра трева по планините, каде и да одите, по Кораб, по Шара, по Бистра, на секој метар имаме чиста вода. Само од водата и од флора и фауна од што јадат овците, само тоа сирење да се јаде е најдобро за здравјето, истакна Меџит.

Уште еден сточар, кој активно и фамилијарно се занимава со сточарството е Марјанчо Ристовски.

-Работиме во овој бизнис, фамилијарно. Чуваме околу 500 грла овци и некоја коза. Сите инвестици се од наши средства и оваа фарма е со наши средства, слободно можам да кажам дека сите досегашни субвенци се наменети во неа. Живата стока е најтешка за одгледување и чување, ќе ја пуштиш на паша неможеш да знаеш дали ке се вратат сите назад, вели Ристовски.

Од осигурителните компании нудат различни пакети и поволности,  посебно кога станува збор за осигурување на добитокот.

-Осигурителните компании нудат повеќе пакети во поглед на заштитата на домашните животни од видот на говеда каде што пред се основни приоритети се проблемите настани од смрт од болест, дали ќе биде тоа од заразна, незаразна или од несреќен случај и моментот е друг каде што  доколку кај животните настанала  повреда или болест а можат да се искористат економски односно да се пратат на присилно колење. За се ова одгледувачите се обесштетуваат во зависнот од категоријатана животното, возраста и производните капацитети на самото животно, вели Сашо Горѓиевски од СН Осигурителен брокер АД Битола.

За купување на осигурителна полиса, државата учествува со 60% финансиска помош од вкупната сума што треба да се плати.

-Државата односно Владата има активна улога во охрабрување на развој на земјоделското осигурување  со политиката на субвенционирање на премиите коишто фармерите треба да ги платат кон друштавата за осигурување.  60% од премијата се субвенционира од страна на државата, што значи дека земјоделецот треба да плати само 40% од премијата, истакна Климе Попоски од Агенција за супервизија на осигурување.

Меџит Амити нагласува дека едно семејство може да живее со 150 овци, само што треба да се осигура со полиса, која 60% ја плаќа државата.

-Кога ќе знаат луѓето дека ќе се плати штетата што ќе се направи, мислам дека сите ќе ги осигураат животните и ќе има многу позитивен развој на сточарството бидејќи тоа е многу добра идеја, истакна Меџит.

Затоа не гледај во небото, осигури се!

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *