Конкурс за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2021 година

Вести

Врз основа на Законот за животна средина и Програмата за инвестирање во животната средина за 2021 година ,  Министерството за животна средина и просторно планирање објавува:

Конкурс за распределување на средства за финансирање и реализирање на програми, проекти и други активности од областа на животната средина за 2021 година

Средствата од Програмата за инвестирање во животната средина се распределуваат за следните намени:

ТАБЕЛА 1:

Ред. бр НАМЕНА КОРИСНИЦИ ИЗНОС (денари)
  1. Изработка на техничка документација и изградба на канализациони системи и системи за одведување и пречистување на отпадни води Општини или здружeнија на општини, општините во градот Скопје и градот Скопје 45.000.000,00
  2. Реализирање на проекти и активности за заштита на природата и биолошката разновидност Правни и физички лица, непрофитни и невладини организации и научни и образовни институции 5.000.000,00
  3. Реализирање на проекти и активности за подигање на јавната свест, едукација и обука во областа животна средина Правни и физички лица, непрофитни и невладини организации и научни и образовни институции 8.000.000,00
  4. Поттикнување на образовни, истражувачки и развојни студии, програми и проекти за заштита и унапредување на животната средина и природата Правни и физички лица, непрофитни и невладини организации и научни и образовни институции 7.000.000,00

Основни критериуми кои треба да ги исполнуваат правни и физички лица, непрофитни и невладини организации, научни и образовни институции што учествуваат на овој kонкурс  се:

  1. Да се регистрирани согласно одредбите на Законот за здруженија и фондации (Сл. Весник на РСМ 52/10, 135/11, 52/16) најмалку една година пред објавувањето на огласот;
  2. Работењето и дејствувањето  да е насочено кон пошироката јавност и кон интересите на заедницата, во корелација со статутот и програмските  активности на здружението;
  3. Да не добиле средства или поднеле барање до друг орган на државната управа или други извори на финансирање за исти проекти/активности за кои поднесуваат барање, а што би значело двојно финансирање на истите проекти/активности од различни извори;

Проценка на квалитетот на проектите за правни и физички лица, непрофитни и невладини организации, научни и образовни институции кои ги исполнуваат основните критериуми, ќе се врши врз основа на посебни критериуми.

Документи кои треба да ги достават правни лица, непрофитни и невладини организации, научни и образовни институции кои се пријавуваат во рамките на Конкурсот:

  • Копие од Статут  и решение за регистрација и/или извод од Централен регистер.

Oпштини или здружeнија на општини, општините во градот Скопје и градот Скопје што учествуваат на овој Конкурс треба да исполнуваат одредени критериуми кои подетално се објаснети во Конкурсот кој во целост можете да го превземете овде.

Бодувањето во вреска со критериумите е представено во следната табела:

Бр. Критериуми Бодовен резултат
1 Табела 1 Критериуми за  подобност за финансирање на активности / проекти Да/не
2 Табела 2 Критериуми за стратегиско значење за финансирање на активности / проекти 45
3 Табела 3 Критериуми за рамномерен регионален развој за финансирање на активности / проекти 25
  Вкупно 70
  • Барањата за распределување на средства заинтересираните субјекти  треба да ги достават на еден од обрасците кои се дадени во Прилог 1 и 2 на овој конкурс и е негов составен дел (соодветно според поднесителот),  а кои се достапни и во електронска верзија на web  страната на Министерството за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk).

Во случај на поднесување на барање за распределба на средства кое се однесува на финансирање на инвестиционен проект, кон барањето треба да биде приложена и комплетната техничка документација и/или физибилити студија за проектот,  во зависност од фазата на проектот.

  • Рокот на доставување на барањата изнесува 20 дена од денот на објавувањето  на Конкурсот во Службен весник на Република Северна Македонија;
  • Доставените барања кои ќе пристигнат по истекот на рокот за доставување  и  кои нема да бидат во согласност со условите од Конкурсот нема да бидат разгледувани од страна на жири комисијата;
  • Согласно мерките за претпазнивост за намалување на ширење на пандемијата предизвикана од КОВИД -19, се препорачува  барањата да се доставуваат преку пошта на адресата на Министерството Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3, 1000 Скопје, со назнака „Програма за инвестирање во животната средина за 2021 година“,  или пак барањата да се предадат во архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање секој работен ден од 09.00 до 15.00 часот.
  • Резултатите од спроведениот конкурс ќе бидат објавени во Службен весник на Рeпублика Северна Македонија.
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *