Пилешко месо од македонска фарма ќе завршува на менито на гигантот КФЦ

Вести

Пилешко месо произведено во Македонија ќе заврши на менито на популарниот американски синџир за брза храна КФЦ, односно во нивните корпи со зачинети крилца, пилешки медаљони или сендвичи.

Новата фарма преку фејсбук ја промовираше и генералниот секретар на СДСМ, а поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски.

„Убавите работи се за споделување, па дозволете ми да го изразам големото задоволство што конечно ќе добиеме сериозно македонско производство на пилешко месо за кое со години се одлеваа милионски суми за увоз. Долго време како прашање добивам “Зошто мораме да купуваме аргентинско, бразилско и какво не пилешко месо, зар нема македонска земја каде може да се одгледуваат пилињата?” Конечно, се најде решение! Домашно, македонско! “, пишува Николовски.

Тој со благодарност до конзорциумот „Интернационал Фреш Фуд“, составен од домашни и странски инвеститори, што изразија желба за една ваква инвестиција.

„Мене лично, ми беше чест што можев да учествувам во еден вака важен проект за нашето стопанство во регионот и што помогнав да ги охрабриме инвеститорите да вложат сериозни финансиски средства и да донесат најнова германска технологија во овој преубав регион. Целиот комплекс во село Гиновци и Псача ќе биде согласно највисоките ЕУ стандарди во однос на заштитата на животната средина, здравствената заштита и благосостојбата на животните како и заштитата и безбедноста при работа“, објаснува Николовски.

Во период од 4 – 5 години конзорциумот „Интернационал Фреш Фуд“ планира да произведува 12, 5 милиони бројлери годишно.

Тие, според информациите, ќе бидат регионални добавувачи и партнери на КФЦ, кои со проширување на работата во балканските земји ја зголемија и потребата за пилешко месо.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *