Краставиците со реални цени на зелените пазари

Вести

Краставицата од вчера конечно ја достигна разумната цена од 50-тина денари од килограм на зелените пазари и во маркетите, инаку сума која речиси секој може да си ја дозволи.

Додека краставицата, претежно од Кочани и Струмица, поевтини на долгоочекуваната цена, доматот, оној македонскиот, и натаму варира околу 90-тина денари.

– Краставицата има реална цена, но доматот многу го бараат за извоз и родот не е многу голем. За него ќе се почека најверојатно три седмици за да може секој да си го дозволи – коментира продавач од скопскиот зелен пазар „Буњаковец“.

Инаку максималната цена што ја достигна краставицата зимоска беше 120 денари, па дури истовремено беше поскапа од доматот.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *