Обезбедени се 15 милиони евра преку ИПА фондовите за 2019 година. Денес на состанокот на работната група за земјоделство и рурален развој, ги разгледувавме областите во земјоделството кои ќе се финансираат со цел креирање ефикасни политики и развој.
Секторската работна група составена од претставници од Делегацијата на ЕУ, МЗШВ, надлежни институции,странски меѓународни организации, невладини организации, ќе служи како платформа за креирање добри политики и стратегии во земјоделството.