Kултот на свети Трифун

Вести Лозарство

Православната црква го слави св. Трифун како поим за младост и доследност кон христијанските традиции. На иконите, тој е претставен или со сорче за режење лозје или со наметка како чувар на гуски. Православната црква  неговиот ден го чествува на 1-ви фебруари според јулијанскиот календар  а 14 фебруари, според грегоријанскиот календар како ден на лозарите и градинарите, а тој се смета и како покровител на меанџиите. Традиционално, на 14 февруари се врши обредното закројување на лозјето, а некои овој ден го сметаат за последен од зимските и за прв од пролетните  празници.

Во некои краишта на Македонија, како Охрид и Прилеп, овој празник е познат и како Св. Трипун-пијаницата. Во повеќето краишта на Македонија, на денот на св. Трифун рано наутро се одело в црква кадешто попот пеел молитва и светел вода. Луѓето зд оваа вода, за која се смета дека е ослободена од демоните и има лековита моќ, а потоа со неа ги прскале лозјата. Во Тиквеш, рано наутро, лозарите оделе во лозјето, каде закројувале неколку лози кои ги полевале со вино, а потоа ги благословувале со зборовите: „Господе, ти давам едно шише со вино за илјада да ни подариш.“ Во Ваташа, пак, лозарите се тркалале низ лозјето за така да се тркалаат и бочвите со вино. Во ова село било обичај, по закројувањето на лозјето, попот да забоде запалена гламја во дворот на црквата со цел да се забрза заминувањето на зимата.

“Современо Земјоделство”

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *