Лазарова: Со законот за земјоделско земјиште нови поволности за младите земјоделци

Вести

Изјава за медиуми

Мери Лазарова, пратеничка на СДСМ 

Скопје, 01.06.2019

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Реформите што ги спроведуваме обезбедуваат развој на земјоделството но и вистинска грижа за земјоделците.

Со измените на Законот за земјоделско земјиште, овозможуваме правилна и транспарентна распределба на државното земјоделско земјиште под закуп и ставање во функција на целокупното земјоделско земјиште.

Нови поволности обезбедуваме и за младите земјоделци, создаваме можности тие да започнат сопствен агробизнис.

Со измените на Законот, младите до 40 години ќе бидат ослободени од плаќање закупнина три години од склучување и стапување на сила на договорот.

Тоа е олеснување и мотивирачки фактор за сите млади земјоделци за свој бизнис.

Со законските измени овозможувме изградба на угостителски објекти на земјоделско земјиште за промоција на земјоделски производи.

Со овие мерки се создаваат услови за зголемување на инвестициите во ваков тип на објекти од страна на земјоделските стопанства.

Истовремено, се зголемува искористеноста на ИПАРД програмата, со што позитивно се влијае на развојот на рурални средини преку рурален туризам.

Овие две мерки се многу важни за младите и развојот на руралните средини, овде во Валандово, но и ширум републиката.

Досега не беше возможно доделување на земјоделско земјиште на земјоделци кои веќе имаат склучено договор за закуп, иако тој договор може да е само за 1, 2 или 3 хектари.

Сега, со измените им се овозможува и на тие земјоделски стопанства да аплицираат на огласи за закуп се до обезбедување на површини од 10 хектари.

Со ова се создваат услови за окрупнување на површините и за зголемување на производството.

Почитувани,

Реформите во интерес на земјоделците продолжуваат.

СДСМ останува посветена на унапредување и развој на земјоделството, повеќе пари кај земјоделците и создавање подобри услови за конкурентно земјоделско производство.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *