Лековити јајца од препелица

Вести Совети

Веќе неколку векови јапонски, кинески и руски литератури содржат статии за лековитите својства на јапонска препелица и нивните јајца за човечкото тело, особено на крвта, црниот дроб, желудникот, бубрезите и мозокот.

Покрај тоа, јајцето од препелица има позитивен ефект врз метаболизмот, општата кондиција и при зајакнување на имунолошкиот систем. Јајцата од Јапонска препелица се природен енергетски извор за спортисти и физички работници, високо протеинска храна за децата во развој, лек за стари и за болни луѓе.

Хемиски состав
74,6% вода
13,1% белковини
11,2% масти
1,1 % минерали

3,2 mg железо
2,2 mg фосфор
0,5 mg калциум

300 IЕ витамин А

0,1 mg витамин B1
0,8 mg витамин B2

0,5 mg витамин В6

Богати се со есенцијални амино-киселини (метанин, лисин, финиланин и др).

Содржат 5 пати повеќе фосфор, 7 пати повеќе железо и 10 пати повеќе витамини од обичното кокошкино јајце.

Го нарекуваат енергетска бомба, иако има само 15 калории.

Ова се болестите кои можат да се лечат и број на свежи јајца потребни за една терапија:

1. Регулирање на крвна слика 60;
2. Отстранување на нервна напнатост 60;
3. Регулирање на столица 120;
4. Чир во стомакот 120;
5. Регулирање на притисок 240;
6. Отстранување на холестерол 240;
7. Регулирање на шеќер 240;
8. Артериосклероза 240;
9. Мигрена 240;
10. Туберколоза 240;
11. Анемија 240;
12. Срцеви болки 240;
13. Нервни пореметувања 240;
14. Пост оперативно 240;
15. Тежок облик на асма 1080;
16. Тумор на мозок и дебело црево 1080;
17. Разубавување на тенот 180.

За возрасни од 4-от до 5-от ден се пијат по 3 изматени јајца да се навикне организмот, а потоа по 5 јајца до крајот на терапијата.

За деца до 2 год. – 2 јајца на ден,
до 5 год. – 3 јајца на ден,
до 10 год – 4 јајца на ден.

Јајцата да се пијат изматени, или како фрапе, во комбинација со мед или со сезонско овошје половина час пред доручек, на гладно.

Јајцата се чуваат во фрижидер (1-4 степени целзиусови) до 60 дена и се конзумираат живи.

„Современо Земјоделство“
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *