Одгледување на пиперки во пластеници ( оранжерии )

Вести Совети

За одгледување на пиперки во оранжерии, најсоодветни сорти се феферони, бабура.

Времето на производство се прилагодува според можностите за греење. Со оглед на тоа, садењето на пиперките се врши кога расадот е стар околу 70 дена, доколку е пикиран, а непикираниот расад треба да е стар 50-60 дена. Според тоа, се прилагодуваат и периодите на сеење и садење на пиперката.

Во континентални услови, за пролетно одгледување на пиперки во оранжерии без греење, сеидбата се врши на крајот на јануари, а пикирањето до средината на февруари. Ако пластеникот се загрева, како и во медитеранските подрачја, за вакво производство, сеидбата се прави 20-30 дена порано. За есенската берба, сеидбата се прави на крајот на мај. Производство на ран расад се врши во заштитен простор, каде што може да се постигне температура од околу 22 ° C.

Најдобро е семето да се сее во сандуци, исполнети со дезинфицирана смеса на земја. До самото никнување (10-12 дена), температурата треба да биде 25-28 ° C. После никнување, температурата се спушта на околу 18 ° C за да се спречи несакано издолжување на расадот. Кога ќе се појави првиот пар на вистински листови, се врши пикирање во саксии или хранливи коцки (8 x 8 см). По пикирањето, расадот се одгледуваат на температура од 22-25 ° C преку ден и околу 20 ° C ноќе и температура на земјата од 20 ° C. Оптималната релативна влажност на воздухот е околу 70%. Во врска со негата на расадот, се применуваат сите мерки за редовна нега со 1-2 фолијарна прихрана (vuxal или сл.).

За есенската жетва, сеењето се прави на крајот на мај во отворени, претходно подготвени леи. Сеењето е ретко (5-10г, семиња на м2), што овозможува рамномерен раст на растението, без издолжување. Садењето на пиперот се врши во претходно подготвена земја ( пред обработката ѓубрена со 4-6 kg ѓубриво по m2 и 40-50 грама NRK ѓубриво по m2 со дезинфекција), на растојание од 30-50 cm меѓу редовите, а во редот 10-20 cm, со редовно наводнување.

По садењето, пиперката треба да е добро наводнета. Првите 10-15 дена по садењето, пиперките растат многу бавно. Во овој период, треба да се направи првото ѓубрење со 40-50 грама НПК ѓубриво, проследено со наводнување и меѓуредно поткопување. Второто ѓубрење со иста количина на ѓубриво, се врши во фаза на масовно цветање и при формирањето на првите плодови. Покрај тоа за време на вегетацијата, се прават 1-2 фолијарна прихрана. По наводнувањето и прихраната, се врши поткопување (меѓуредно). Колку повеќе пати се поткопува , нејзиниот корен подобро се равива, што е значајно за пиперките.

За одгледување на пиперките во пластеник, температурата во текот на денот треба да биде околу 22 ° C, а ноќе околу 20 ° C. На температура од 15 ° C, пиперката престанува да расте, а на + 10 ° C плодовите добиваат виолетови дамки. Во текот на сончеви денови, а особено во лето, проветрувањето вопластеникот мора да биде зголемено. На почетокот на летото (средината на јули), пластичната фолија се отстранува од тунелите, и повторно се става на носечката конструкција на почетокот од септември. Редовната вентилација одржува пониска влажност (околу 70%), што им годи на пиперките.

До масовното цветање, наводнувањето на пиперките во оранжериите е поретко (од 10-20 l / m2), а со формирање на плодовите, наводнувањето се врши секој 5-7 дена со 20-30 l / m2. Бербата на поситните сорти, во оранжериите без загревање започнува во средината на мај, а на покрупните на почетокот на јуни. Есенското производство е кон крајот на септември или почетокот на октомври. Кај раното производство, бербата може да трае до есен, со тоа што до почетокот на јули може да се оствари принос од 2 до 2,5 кг / м2, или 5-6 кг до крајот на вегетацијата. Кога станува збор за есенско одгледување на пиперки во оранжерии, бербата трае до крајот на ноември, односно до средината на декември (ако има греење) и се добива принос од 2 до 3 кг плод по м2.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *