Николовска: Земјоделци, не се мислете, подгответе ги нивите за сончоглед, субвенциите се високи

Вести Совети

Ленче Николовска, посебен советник за земјоделство, шумарство и водостопанство на премиерот, ги повика земјоделците да не чекаат и веднаш да се пријават за субвенции за сончоглед.

 

– Со развој на договорното производство очекувам годинава да се зголемат насеаните површини со сончоглед во земјава (лани имаше само 2000 ха). Земјоделците побараа од Владата да се зголемат субвенциите што го направивме и гарантираме сигурен откуп, односно почитување на договорите со откупувачот „Благој Ѓорев“. Цената ќе биде пазарна, а со повисокиот принос преку квалитетното семе и другите мерки, се очекува исплатливост на производството. Земјоделци, не се размислувајте, имате време да ги подготвите површините. Субвенциите за 5 до 50 ха со сертифициран семенски материјал за садење на сончоглед се 23 160 денари, доволна мотивација да склучите договор со откупувачот и да набавите семе.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *