Лешник – Одлична цена, сигурен откуп!

Вести Овоштарство Совети

Ако сакате сигурна и добра заработка, почнете да одгледувате лешници!

Калкулацијата е јасна, со еден хектар лешници заработката е околу 6.700 евра! Има голема побарувачка, одлична откупна цена и неверојатно висока цена во малопродажба. Изминатиов период лешникот достигна рекорна цена од 1200-1300 денари за килограм!

Лешникот успева на скоро секаков терен на максимум 1000 метри надморска височина, не бара многу плодно земјиште, а ни посебна припрема. Доволно е да ископате дупка до 50 сантиметри, на растојание пет по три, што по хектар се околу 667 стебла.

Работата околу лешниците се сведува на косење на тревата, ѓубрење, доволно е едно до две третирања против штетници, додека на поголема надморска висина не мора да употребувате никакви пестициди. Може да пробате и со чисто органско производство, што секако има уште по солидна цена на пазарот.

 

Лесен е и за чување, може да се употреби и дури после 2 години. Што значи не мора веднаш да го испорачате. Важно е само, откако ќе ги соберете плодовите во вреќи да ги оставите месец дена да се просушат.

Направивме кратка математика за сите оние кои сакаат да инвестираат во овој профитабилен бизнис!

 Инвестиција од 2.000 евра со загарантиран пласман

Еве колку пари и за што ви се потребни при подигањето на насадите со лешници:

500-550 садници = 1.500 евра

За риголовање =350 евра
Прегорено ѓубре =50 евра
Работници =100 евра

Математиката покажува дека инвестицијата би чинела 2.000 евра, се враќа за четири до пет години. Позитивното е што откупот на родот е загарантиран по моменталната берзанска цена на лешникот во Италија, која се движи од 5 евра за килограм нелупен лешник, и 10 евра за килограм лупен лешник.

Една проста математика, 1000 садници помножено со 20 евра од дрво е еднакво на 20 000 евра, цифра која е прилично задоволителна!

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *