Лукот бара добро потхранување

Вести Градинарство Совети

Летниот лук се сади кон крајот на февруари и почетокот на март, а зимскиот во октомври. Во двата случаеви, може да се одгледува и за главата и за лисјата. Тој е многу баран поради неговите хранливи материи ,а особено оној органскиот. Сака добро распаднато ѓубриво, кое се нанесува пред садење, не сака свежо.

Секоја година е можно да се види истата слика – врвовите на младиот лук почнуваат да пожолтуваат. Ова се должи на фактот дека микробите во ладната почва, сè уште се неактивни и не обезбедуваат доволно азот, а лукот веќе започнал со развојот и се соочува со тежок глад за азот. Затоа, веднаш штом дозволуваат временските услови, растенијата треба да се хранат со амониум нитрат или уреа – 15-20 грама на 10 литри вода.

Оваа прихрана е неопходна, но не е сосем доволна. Тоа само ќе обезбеди почетен поттик за развој на растенијата. По две недели, треба да се прихрани со моноамониум фосфат ( MAP или ammophos кој е високо концентриран и растворлив во вода ), потребни се 30-40 грама на 10 литри. Ова ќе им овозможи на растенијата нормално да растат, но нема да биде на одмет и почвата да се премачкува со хумус или компост кога температурите се зголемуваат.

Лукот се смета за непретенциозна ( скромна ) култура, но не треба да се заборави дека кога почнува да формира глави и созрева, му треба фосфор и калиум. Без нив, жетвата ќе биде многу слаба, бидејќи азотот само помага да се развие листот. Едностраното азотно ѓубрење, исто така, создава уште еден проблем – растенијата растат брзо, но не се отпорни на болести, а главите започнуваат да гнијат брзо и не се погодни за зимско складирање.

Две недели по потхранувањето со моноамониум фосфат, треба да се воведе калиум монофосфат – 50 грама на 10 литри вода. Ѓубрењето е подобро да се прави со растворливи ѓубрива кои се апсорбираат побрзо и поекономично.

Третото потхранување, треба да се направи за време на формирањето на главите, бидејќи микрочестичките ќе се истрошат за растење на листот. За еколошко земјоделство, исто така, можно да се користат препарати кои содржат калиум сулфат и магнезиум или други еколошки производи. На пазарот веќе се нудат различни препарати кои се погодни за оваа намена.

Магнезиумот игра важна улога во формирањето на коренот, хлорофилот и фотосинтезата. Особено е потребно да се формираат здрави и густи глави. Во кисела почва, присуството на магнезиум е многу ограничено. Магнезиумот воглавно се нанесува со брашно од доломит, кое исто така може да се направи при есенската обработка. Во зависност од видот на почвата, шемата за прихрана на почвата може да се промени, но не треба да се заборави дека таа е неопходна.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *