Листа на Региони опфатени во јавниот оглас бр. 2/21 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање

Вести

Во Јавниот оглас бр 2/21 за за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање објавен на ден 23,07,2021 година на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, опфатено е земјоделско земјиште во сопственост на државата со вкупна површина од 2122ха 05ар 26м2  во следните региони во Република Северна Македонија:

Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица и странски правни лица.

Почетната цена по хектар во постапка по овој јавен оглас се утврдува во зависност од катастарската класа и местоположбата на земјиштето.Почетната цена за земјоделското земјиште од:

  • I и II катастарска класа изнесува 120 Евра,
  • III и IV катастарска класа изнесува 90 Евра,
  • V и VI катастарска класа изнесува 60 Евра и
  • VII и VIII катастарска класа изнесува 30 Евра, во денарска противвредност по среден курс на Народната банка на Република Северна Македонија на денот на уплатата.

Доколку земјоделското земјиште се наоѓа над 1.000 метри надморска височина почетната цена на закупнината за земјоделското  земјиште од:

  • I и II катастарска класа изнесува 60 Евра,
  • III и IV катастарска класа изнесува 45 Евра,
  • V и VI катастарска класа изнесува 30 Евра и
  • VII и VIII катастарска класа изнесува 15 Евра во денарска противвредност посреден курс на Народната банка на Република Северна Македонија на денот на уплатата.

Понудата и другата потребна документација се доставуваат во затворен коверт на кој во горниот лев агол треба да стои ознаката „не отварај„ „Понуда по Јавен оглас бр.02/21 за земјоделско земјиште под закуп за површини над 3 хектари по пат на електронско јавно наддавање во регион (се впишува регионот) и во средина„Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ул.Аминта Трети бр.2 Скопје” во рок од 20 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

За дополнителни информации понудувачите може да се обратат до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство или да ја посетат веб страницата на  Министерството  www.mzsv.gov.mk.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *