Лозарството со одржливо решение на среден рок

Вести

-На среден рок се прави стратегија за подобар пласман на грозјето кое е една од нашите стратегиски култури. Владата и оваа година ќе биде медијатор во разговорите со цел  изнаоѓање одржливо решение од интерес и на лозарите и на откупувачите, рече вчера попладне премиерот Зоран Заев.

Во одговор на пратеничко прашање, Заев нагласи дека продажната цена не може да биде пониска од производната.

– Владата сака преку разговори со двете засегнати страни да се најде трајно одржливо решение, преку градење доверба и без надолни пикови. Ќе се прави експертска анализа на прозводната цена зашто не може продажната цена да биде пониска. Државата мора да мисли на народот. Не може грозјето да се продава по цена пониска од производната, зашто така лозарите ќе се откажат од производството- нагласи премиерот.

Според него, побарувачката на македонското вино е зголемена, но битно е при извозот, флашираното да биде застапено во поголем процент.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *