Денеска започна рокот за поднесување на барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од јануари до април 2018 година и ќе трае до 15 јуни 2018 година, информираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Како што се наведува во соопштението од Агенцијата, висината на поддршката изнесува четири денари по литар за овчо и козјо млеко и 3,5 денари по литар за кравјо млеко. Барањата се поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство каде што е регистрирано земјоделското стопанство.
Б.П. за Современо Земјоделство