Лубеницата е мелем за човековиот организам

Вести Совети

Лубеницата е едно од најчудотворните овошја која во овој период може да се најде на пазарот и маркетите.

Ликопенот во лубеницата е особено корисен за кардиоваскуларното здравје, кој исто така е многу важен и за здравјето на коските. Конзумирањето поголеми количини од ова слатко овошје е поврзано и со подобар крвоток и нормализирање на крвниот притисок. Лубеницата е богата и со калиум кој го задржува калциумот во телото, што придонесува за силни коски и зглобови.

Витаминот А       

Овој витамин е важен за заштита на здравјето на очите, а неговото антиоксидативно својство помага во намалување на слободните радикали во телото.

Витаминот Ц    

Сите знаеме дека е потребен за зајакнување на имунитетот, но витаминот Ц ќе го забрза зараснување на раните, го спречува оштетувањето на клетките, го подобрува здравјето на забите и десните.

Витаминот Б6      

Витамин Б6 е потребен за синтеза на сератонинот и норепинефринот (норадреналинот) кои се заслужни за Вашето добро расположение.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *