Македонија го враќа стариот правилник за увоз на брашно од Србија

Вести

Македонија попушти во спорот со Србија за увозот на брашното. Се враќа стариот Правилник и маркиците на сите вреќи ќе се лепат кај северниот сосед.

Ова е договорено на вчерашната средба на вицепремиерот Анѓушев со српскиот колега Љаиќ. Претходно пак министерот Николовски направи отстапки и дозволи српските изозници на помалите количини маркиците да ги лепат во Србија. Сега се враќа старото решение, односно  србите сами ќе ги лепат маркиците а кај нас само ќе се зајакнува контролата. Од кабинетот на Анѓушев велат дека станува збор за привремено решение.

– При увозот на брашно треба да се овозможат услови за непречен инспекциски увид на увозното брашно од страна на инспекторите на македонската Агенција за храна и ветеринарство на граничниот премин, со што ќе се контролира дали маркиците се соодветно залепени на брашното и дали брашното има соодветна деклариција.

Проблемот со брашното настана откако Македонија воведе измени на постојниот Правилник кои наидоа на остри рекации кај србите и тие најавија контрамерки. Со нив се предвидуваше маркици да се лепат откако брашното ќе се испита во нашите лаборатории, а дури потоа да се најде на пазарот.

Од Асоцијацијата не земјоделци обвинија дека проблемот го прават неколку фирми увозници кои се богателе криминално и брашното го ставале во промет без анализи.

И министерот Николовски во неколку наврати изјави дека проблемот произлегува од оние фирми кои не работат според пропишаното .

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *