Медот ќе биде во намалена количина, лошото време ќе ја зголеми цената на земјоделските производи

Вести Пчеларство

Количината на медот ќе биде намалена. Тутунот и другите земјдоелски култури ќе доцнат заради врнежите и пониските температури од просекот за овој период од мај. Ваквото време позитивно влијание ќе има само за житните култури.

Според агрономите, најголема штета од ваквото време трпат пчеларите. Тоа значи дека цената на медот и во наредниот перид ќе оди нагоре затоа што го има се помалку.

Во моментов земјоделците гледаат во небото, знаат дека по дождовите ќе треба да се справуваат со тревата, но најголем проблем може да настане ако температурите нагло пораснат и се појават штетници кои ќе треба да ги третираат.

Периодов најмногу дожд наврна во Пелагонија, а стабилизирање на времето се очекува од петок.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *