Во источниот регион ќе се гради репроцентар за фазани

Вести

Во септември ќе почне изградбата на првиот репроцентар за фазани во источниот регион. Локацијата ќе биде во штипското село Судиќ, а зад проектот стои штипското здружение „Ловец“.

Според Николчо Малинов од „Ловец“, сите подготовки за претстојните градежните активности се веќе завршени. Покрај фазани, во репроцентарот ќе се одгледуваат и подмладоци на други видови дивеч.

– Од септември почнуваме со изградбата на ловниот дом во селото Судиќ. Тука е предвиден објект за репродукција на фазанот и репродукција на зајак, вели Малинов. Еребицата е на граница на истребување на овие простори, поради што нејзиното зачувување е повеќе од потребно. За да се зачува, од ловното здружение размислуваат за воведување забрана за нејзин отстрел на одредени терени.

„Ние сме и здружение кое и го штити дивечот, како прелетниот, така и ситниот и крупниот. Навреме ќе бидат известени сите ловџии каде и како ќе се лови на терените“- вели Малинов.

Репродуктивниот центар ќе се гради со средства од донатори, ловџии од странство, но и со сопствени средства на здужението.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *