Мерка 7 од ИПАРД нуди можност за ЗАДРУГИТЕ: 65% неповратен грант за набавка на земјоделска механизација и машини

Вести

Повикот за мерка 7 од ИПАРД сеуште не е активен, но се очекува следните месеци да се објави од страна на Платежната агенција Имате доволно време да размислете и да се ангажирате околу прибирање на потребна документација и исполнување на условите и критериумите за аплицирање.

Во интерес на сите чинители во агрокомплексот како и на Владата е да се искористат максимално овие средства од ЕУ.

Со мерка 7 од ИПАРД програмата како инвестиција во обезбедување на услуги во земјоделството може да се аплицира за неповратен грант од 65% во воспоставување на услуги за изнајмување на земјоделска механизација и машини. Најдобро тоа може да се прикаже со следниов пример:

Доколку барателот – правно лице (задруга формирана согласно закон за задруги) со место на инвестиција во Свети Николе сака да започне да се занимава односно да инвестира во набавка на механизација т.е. набавка на трактори и комбајни за изнајмување. Вкупната вредност на инвестицијата треба да биде од 1.500 евра до најмногу 1.000.000 евра. Во нашиов пример предпоставуваме дека вкупната инвестиција изнесува 300.000 евра.

Документи кои се потребни при набавката на оваа опрема се:

  1. Целосно пополнето барање за користење на средства (кое ќе ви помогне да го пополните консултантска куќа или сами)
  2. Фотокопија од важечка лична карта или пасош на одговорното лице
  3. Диплома или сертификат за завршен курс/обука во согласност со типот на инвестицијата
  4. Доказ дека правното лице не е во постапка на стечај
  5. Доказ дека правното лице не е во постапка на ликвидација
  6. Доказ дека вр барателот не е изречена прекршочна санкција за вршење професија, дејност или должност
  7. Изјава за големина на субјект (консултантска куќа)
  8. Потврда дека едно одговорно лице е во редовен работен однос во правното лице од АВРМ
  9. Уверение за платени даноци и придонеси од УЈП
  10. Потврда од локалната самоуправа – Општината Св. Николе, дека инвестицијата е во согласност со стратегијата за локален економски развој
  11. Имотен лист од објектот или земјиштето каде ќе се чува механизацијата
  12. Една понуда од добавувач ( од каде се планира да се земе механизацијата) до 10.000 евра со детална спецификација и изјава за земја на потекло, или 3 понуди од различни добавувачи доколку издадената понуда е поголема од 10.000 евра, придружена со техничка спецификација и изјава за земја на потекло. Опремата која се набавува мора да биде нова и неупотребувана.
  13. Договор за општи трошоци
  14. Фактура за платени општи трошоци
  15. Понуда за општи трошоци
  16. Деловен план (консултантска куќа)

Целокупната документација се става во затворн плик и се испраќа до:

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
ул. 3-та Македонска Бригада бр. 20
зграда на Македонија Табак блок Ц
1000 Скопје

со назнака “Не отворај”  по јавен оглас бр. __ и мерката за која се бараат средства.

По разгледувањето на барањето од страна на АФПЗРР и конечно одобрување на бараните средства барателот потпишува договор со АФПЗРР за реализација на инвестицијата и од овој момент може да се почне со набавката на механицацијата (тракторите и комбајните) т.е. со сопствени средства може да ја набави механизацијата која треба да се плати преку банка со повикување по број на фактура на образец ПП30 (црвен).

После реализацијата односно од кога ќе бидат набавени средствата во нашиот случај се поднесува барање за исплата и средствата кои се инвестирале се враќаат 65% односно доколку инвестицијата изнесувала 300.000 евра, средства кои ќе му бидат доделени на барателот се 195.000 евра кои преставуваат неповратен грант. Барателот е должен оваа инвестиција да ја чува и да не ја отуѓува во наредните 5 години.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *