Министерот Димковски имаше работен состанок со концесионерите на ловиштата

Вести

Во саботата, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, одржа работен состанок во ловиштето Лакавица со дел од концесионерите на ловиштата од Источниот дел на нашата држава.

На состанокот се разговараше за новиот Закон за дивеч и ловство кој е во завршна фаза на изработка.

По повеќе одржани средби со концесионерите, конструктивни дискусии и предлози во изминатиот период, може да се каже дека законот е во финална фаза.

Законот за дивечот и ловството, претставува нов Закон за ловство кој како новина ќе ги содржи сите елементи кои се во полза на развојот на дивечот, концесионерите, ловниот туризам и ловството во нашата земја.

Оваа стопанска гранка има многу голем потенцијал за развој, а нашата држава има услови за тоа.

МЗШВ активно работи во обезбедување на уште поповолни услови за развој на оваа гранка .

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *