Вчера министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, придружуван од директорот на агенцијата за храна и ветеринарство – АХВ, Зоран Атанасов, се сретна со деканот на Факултетот за ветеринарна медицина, Лазе Пендовски, на која се разговараше за можностите за капитални инвестиции во модерна и современа опрема и воведување на нови методи за испитување.
Воедно ги посетија акредитираните лаборатории во рамки на факултетот, за микробиологија на храна и добиточна храна, лабораторијата за квалитет на храна и добиточна храна, за резидуи и контаминенти и лабораторијата за квалитет на сурово млеко.
Тестирањата во овие лаборатории се одвиваат во согласност со најновите национални и меѓународни стандарди и регулативи.
Науката има важна улога во развојот и модернизирањето на земјоделството, но и во обезбедувањето на безбедна и квалитетна храна.