Димковски оствари средба со заменик-министерот за земјоделство на Руската Федерација, Левин :Заеднички ќе се работи на зголемување на трговската размена

Министерот Димковски, посочи дека МЗШВ ќе ја продолжи поддршката на саемите „Продекспо“ и „Мир Питание“, како и на Македонскиот дом во Москва. На состанокот Димковски и Левин се согласија за продолжување на соработката помеѓу македонската Агенција за храна и ветеринарство  и Фитосанитарните служби со Руската федерална служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор – Росселхознадзор, што е важно за непречена трговска размена помеѓу двете земји.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Димковски оствари средба со амбасадорот на Исламска Република Иран, Хоссеин Карими

Денеска, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски имаше работен состанок со амбасадорот на Исламска Република Иран, Неговата Екселенција, Хоссеин Карими. На состанокот едни од главните теми беа зголемување на трговската размена и намалување на царините меѓу двете земји. 

Share
Прочитај повеќе

Зајакнување на дијалогот и соработка меѓу Платежните агенции во ЕУ со цел подобри резултати од спроведување на Заедничката земјоделска политикa

Директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски, истакна дека искуствата и помошта што Македонија ја добива од земјите членки на ЕУ се од огромно значење за Република Северна Македонија. Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, посветено работи на прилагодување и унапредување на капацитетите, се со цел полесно воведување на заедничката земјоделска политика, како и зајакнување и модернизација на агро секторот.

Share
Прочитај повеќе

Поврзување на македонските земјоделски производи со блискоисточните пазари

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска оствари средба со господинот Али Ал Раис, вице претседател на Qatar Airways, на која ги разгледаа можностите за позиционирање на македонските земјоделски производи на тамошниот пазар.

Share
Прочитај повеќе

Ќе се формираат работни групи со надлежни институции од Македонија и Албанија за унапредување на трговската размена

Двајцата министри се договорија итно да се формираат работни работни групи составени од надлежните институции на двете држави, а кои што во следниот период треба да одржат состаноци на кои што ќе  отворат сите прашања поврзани со трговската размена, системот на  следливост на млечни и месни производи, како и мерките на двете држави за контролата на искористувањето на пастрмката во Охридското езеро.

Share
Прочитај повеќе