Министерот Димковски оствари средба со г-ѓа Кеико Ханеда, амбасадор на Јапонија во РСМ

Вести

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, имаше средба со Н.Е. г-ѓа Кеико Ханеда, амбасадор на Јапонија во Република Северна Македонија.

На оваа средба беше изразено обострано задоволство од добрите пријателски односи помеѓу двете земји. Конкретно беше разговарано за преостанатите средства од Јапонската помош како и за нивно искористување во иднина.

Двете страни се согласија дека средствата ќе бидат искористени за земјоделска механизација, и по добивање на согласност од Јапонската Влада веднаш ќе биде објавен повик за бескаматни кредити со грејс период со цел за обезбедување на потребната механизација за земјоделците.

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *