Министерот Хоџа: Ги повикувам сточарите да аплицираат на повикот на Платежната агенција за набавка на педигриран добиток

Вести

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска објави два јавни повици, наменети за поддршка на сточарството.

Средствата се обезбедни од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година, наменети за сточарското производство и ќе бидат дополнителна мотивација кај сточарите, да ги обновуваат своите стада со набавка на педигрирани говеда, овци и кози со висок генетски потенцијал како и да се поддржат овчарите преку субвенционирана плата, но и да се подобрат условите на пасиштата.

Крајниот рок за доставување на барањата за Јавниот повик бр.04/2021 е 04.07.2021 година, а за Јавниот повик бр. 05/2021 е 05.07.2021 година.

Ги повикувам сточарите да аплицираат и да ги искористат поволностите кои се предвидени во двата Јавни повици.

Повеќе информации на следниот линк:———http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/default_mak.asp

Фејсбук статус на Арјаните Хоџа, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *