Министерот Хоџа одржа состанок со одгледувачите на овци

Вести Сточарство
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, денеска во просториите на министерството одржа состанок, на кој присуствуваа одгледувачи на овци и претставници на откупувачите и извозници на јагне.
Состанокот се одвиваше согласно утврдените точки од Дневниот ред, со фокус на стратегијата за развој на земјоделството. Беше дискутирано за актуелната состојба во овчарството, субвенционирањето, откупот и цената на домашното јагне. Состанокот беше организиран со цел да се обезбеди темелен и навремено подготвен старт на откупот на пролетно јагне.
МЗШВ секогаш го слуша гласот на сите земјоделци. Ние секогаш сме отворени за соработка и разговор, зошто само така можеме да ги остваруваме заедничките цели. Продолжуваме во тој правец, заедно!
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *