„Подгорка“ потпиша договор за најголемата инвестиција преку ИПАРД програмата

Вести

Во просторииите на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој вчера беше потпишан договор помеѓу директорот на Агенцијата, Николче Бабовски, и управителот на „Подгорка“ од Струга, Един Џемајловски за користење на финансиска поддршка од ИПАРД програмата 2014-20120 година.

Финансиската поддршка во висина од 138.806.570 денари ќе биде искористена за изградба и опремување на објект со ладилник за производство, преработка, расекување и пакување на месо.

vest1

Поддршката следува преку Мерката-3, Инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделските производи од ИПАРД 2 програмата.

Оваа инвестиција е доказ за посветеноста на ИПАРД Агенцијата за континуирана поддршка на земјоделството и искористување на средствата од ИПАРД 2 програмата.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *