Министерот Хоџа оствари средба со Амбасадорот на Албанија, Фатос Река

Вести

Денеска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со шефот на кабинет г. Дритан Рамадани и со г-ѓа Лидија Чадиковска, раководител на сектор за меѓународна соработка, оствари прва протоколарна средба со Амбасадорот на Албанија г.Фатос Река.

Од амбасадорот Река доби искрени честитки за назначување на функција министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија.

На средбата беше истакната успешната соработка меѓу двете земји во областа на земјоделството и обостраниот интерес за понатамошно унапредување на истата, односите помеѓу двете министерства, како и за заедничките проекти кои ќе бидаат во корист на граѓаните на двете земји во регионот и пошироко, кои исто така ќе имаат директен импакт во економскиот развој на двете земји.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *