Министерот Хоџа поднесе оставка од функцијата: Одлуката е морален чин!

Вести

Министерот за земјоделство, од редовите на Беса, Арјанит Хоџа, објави дека се повлекува од функцијата. На прес конференцијата што се одржа пред Владата Хоџа кажа дека оставката е поради нарушување на демократските вредности во државата, додавајќи дека од функција се повлекуваат и двајцата заменици министри.

„Kако што ветив минатата недела дека поради нарушување на демократијата на локалните избори од страна на дел од оваа влада, на чело со вицепремиерот од ДУИ, кадешто беше повредено правото на демократијата, со манипулативни методи и за жал, тоа продолжи и во текот на вчерашниот ден, кој беше најсрамниот ден за демократијата на нашата држава“, рече Хоџа.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *