АФПЗРР објави Јавен повик за користење на финансиска поддршка за изградба на инфраструктура за пристап до земјоделско земјиште, наменет за единиците на локалната самоуправа

Вести

Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија број 72/07,5/09, 43/14, 193/15, 39/16, 164/18 и 190/19), Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руалниот развој го објавува следниот

 ЈАВЕН ПОВИК бр.09/2022
за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка
на руралниот развој за 2022 година

ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ
Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следната мерка:

II. ПРАВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА
Право на користење на средства имаат следните субјекти:

III. ВИСИНА НА ФИНАНСИСКАТА ПОДДРШКА
Финансиската поддршка се исплаќа по принцип на финансирање на завршени инвестиции од страна на корисникот во висина од 100% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестицијата. Средствата од финансиската поддршка по барање на корисникот може да се доделат на две рати или согласно со фазите на реализација на инвестицијата врз основа на навремени ситуации од надзор или документација за набавка на опрема.

IV. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА
Барањето се доставуваат во оригален примерок.
Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени со:

-Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година („Службен весник на Р.Македонија” бр. 64/22, 81/22 и 88/22)
-Закон за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр.49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 88/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19, 152/19, 244/19, 275/19, 110/21 и 123/22 )
-Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 35/16, 101/17, 162/18, 100/19,
215/19, 24/20, 96/21, 276/21, 91/22 и 113/22 ) и
-Правилникот за поблиските дополнителни услови за поддршката од мерките за рурален развој, прифатливите трошоци и висината на поддршката за прифатливите трошоци по корисник за поединечна мерка. („Службен весник на Р.Македонија“ бр. 124/11, 80/13, 72/14, 35/16, 59/16, 178/18, 77/19, 214/19, 276/21, 91/22 и 122/22).

Барателите кои ги исполниле условите за користење на средства за мерката 124, се рангираат со бодување утврдено во Правилникот за поблиски критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој.

-Барањата кои имаат ист број на бодoви ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на барањето

-Барателите не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред потпишувањето на Договорот за кофинансирање со Агенцијата.

V. ПОДИГНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ И УПАТСТВА
Обрасците „Барање за финансиска поддршка” со листата на потребни документи може да се подигне на веб-страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk.

Горенаведените обрасци може да се подигнат и директно во Агенцијата секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот на адреса:
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,
Ул. 3-та Македонска бригада бр.20 ( Зграда на Македонија Табак блок Ц)
1000 Скопје

VI. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ
Пополнетите барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година заедно со целокупната потребна документација се доставуваат на македонски јазик во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои ознаката “НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик број 09/2022 и назначување на шифрата на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.

Крајниот рок за доставување на барањата е 09.07.2022 година.
Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *