Министерот Хоџа ја потпиша резолуција за шумите во Европа, „Иднината што ја сакаме: шумите ни се потребни“

Вести

 

Министерот Хоџа денеска учествуваше на министерската видеоконференција „FOREST EUROPE“. На видеоконференцијата учествуваа и другите министри од европските држави.

Бидејќи пандемијата оневозможи физичко присуство на министрите во Братислава, Република Словачка, сите министри виртуелно денеска ја потпишаа Министерската декларација и Министерска резолуција за шумите во Европа: „Иднината што ја сакаме: шумите ни се потребни“.

Декларацијата ја потенцира виталната улога што ја имаат шумите, за економиите, здравјето на граѓаните и нивната благосостојба, екосистемите и биодиверзитетот, за руралниот и социјален развој.

Потенцирајќи ја важноста од одржливо управување со шумите и повеќекратната корист од нивното одржување и заштита, Декларацијата ги повикува земјите потписнички активно да се вклучат во нејзиното успешно спорведување и преку координиран пристап со сите засегнати страни да обезбедат на национално ниво доследно спроведување на политиките за одржлив развој на шумскио фонд и негова заштита од негативните влијанија на климатските промени и другите непогоди, како шумски пожари, болести и штетници и суша.

Декларацијата е резултат на долгогодишен дијалог меѓу земјите за важноста на шумите и нивнотo одржливо управување како значаен природен ресурс, денес и за идните генерации.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *