Министерот Николовски денеска беше меѓу земјоделците во Делчево

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска беше во Делчево, на средби со земјоделците.

-Ги зголемивме субвенциите за сливите и праските од 33 илјади на 36 илјади денари по хектар, истакна Николовски пред присутните на трибината.

Тој додаде дека за развојните категории со насади од 1 до 5 хектари субвенцијата е зголемена од 39.600 на 42.600 денари по хектар.

-Минатата недела исплативме 5,5 милиони евра субвенции за одржување на овошни насади на 9.146 земјоделци, а во оваа сума спаѓаат и субвенциите за сливи и вишни, рече Николовски.

Ова беа само дел од темите на кои разговараа денеска со земјоделците од Делчево.

Николовски со својот тим ги увери сточарите дека нема да се дозволи да трпат загуби.

-Во понеделник и вторник ќе имаме средби со откупувачите на јагне и со здруженијата на одгледувачи на овци, истакна Николовски во Делчево.

“Современо Земјоделство”

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *