Министерот Николовски оствари средба со одгледувачите на овци

Вести Сточарство

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска имаше средба со одгледувачите на овци, со кои разговараше за актуелните состојби во овчарството и проблемите со кои се соочуваат овие сточари.

– Со развојни мерки кои ќе ги креираме заеднички со фармерите ќе го зголемиме добиточниот фонд и ќе го направиме сточарството профитабилно. Заедно со АХВ преземаме активности за утврдување на точниот број на овци, што е клучно за правилна распределба на субвенциите, истакна Николовски.

Тој додаде и дека во следниот период ќе се прават низа на активности:

 од следниот месец до 30-ти јуни ќе се спроведе земање на крв за испитување на бруцелоза од сите овци

 вакцинација на јагнињата против бруцелоза
 вакцинирање за ентеротоксемија кај овците, која што МЗШВ ја субвенционира со 50 отсто
 од следната година ќе се спроведе електронското преобележување на овците, говедата и козите согласно регулативите на ЕУ.

На денешниот работен состанок, овчарите изразија задоволство за новиот Правилник за мали производствени капацитети како и од мерките предвидени во новата Програма за рурален развој 2019.

 

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *