Модернизирање на македонското земјоделство со 6 милиони евра

Вести

-Поддршката за научни истражувања ја зголемуваме од 2 на 6 милиони денари, истакна министерот Николовски.

Научните достигнувања и нивната примена во пракса се особено важни за модернизирање на македонското земјоделство и доближување до европските стандарди.

Министерот Љупчо Николовски, присуствуваше на првото Меѓународно научно-стручно советување „Агро-наука и пракса 2018“, настан кој што се очекува дека ќе прерасне во традиционален годишен собир. Ова беше одлична можност за презентација на најновите достигнувања во науката, технологијата и иновациите во областа на земјоделството, пренесување на знаења, размена на искуства и отворање можности за идни соработки.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *